Традицијата продолжува: Илинденската коњаница свечено пречекана во Дебрца

Во пресрет на големиот државен празник Илинден, Општина Дебрца и годинава ја продолжува традицијата на пречек на Илинденската коњаница. Градоначалникот Зоран Ногачески денеска во историското село Сливово ги пречека коњаниците, по што заедно се упатија кон селото Лактиње.

Во Лактиње беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата во чест на борците кои низ историјата се избориле за слободна Македонија. Настанот продолжи со заеднички појадок, по што коњаниците го продолжија својот марш кон селата Збажди и Локов.

Од Општина Дебрца најавуваат дека чествувањето на илинденските традиции продолжува и утре, кога Илинденската коњаница ќе биде пречекана во селата Волино и Требеништа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани