Во Ботун одбележани 30 години од осветувањето на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“

Во селото Ботун, Општина Дебрца, беа одбележани 30 години од осветувањето на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“.

По повод големиот јубилеј, беше отслужена Света Архиерејска Литургија, на која присуствуваа верници од Ботун и околните населени места, како и градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Манастирот е осветен во 1996 година, а годинава се одбележуваат три децении од неговото осветување. Во обраќањето по повод јубилејот, градоначалникот Сиљаноски упати повик за поголема посветеност на верата и духовните вредности.

„Во овие времиња, сакам да упатам еден искрен повик до целиот наш народ: да се приближиме што повеќе кон Бога! Само Божјиот пат е вистинскиот, праведен и единствен правилен пат по кој треба да чекориме низ животот“, порача Сиљаноски.

Одбележувањето продолжи со заедничка молитва за здравје, мир и благосостојба, а градоначалникот упати порака за зачувување на духовното и културното наследство на Дебрца.

„Нека Бог ни ја чува нашата Дебрца и Македонија! Нека е за многу години овој голем јубилеј“, порача Сиљаноски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани