„За посреќно детство“ по 19-ти пат во Охрид

Во центарот на Охрид по 19-ти пат се одржа хуманитарната и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“, во организација на Црвен крст Охрид во партнерство со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

Акцијата започна со ревијална трка на Кеј „Македонија“, а продолжи со натпревари во фудбал, ракомет, скокање со јаже, вртење хулахоп, пикадо и шах. Најмладите посетители имаа можност и за забава, дружење, едукативни активности и подароци.

Средствата собрани од продажбата на учесничките талончиња се наменети за помош на деца од социјално загрозени семејства. Од Црвен крст Охрид упатија благодарност до граѓаните, општествено одговорните компании и волонтерите кои придонесоа за реализацијата на акцијата.

Извлекувањето на добитните талончиња со вредни награди ќе се одржи во втората половина на октомври.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани