Порибено Охридското Езеро со подмладок од автохтоната охридска пастрмка

Охридското Езеро беше порибено со подмладок од автохтоната охридска пастрмка. Активноста е реализирана на покана на ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, во рамки на Договорот меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Хидробиолошкиот завод за изведување вештачки мрест и порибување на езерото.

Од Хидробиолошкиот завод посочуваат дека порибувањето е значајно за одржување и обновување на рибниот фонд, зачувување на природната рамнотежа и заштита на биолошката разновидност на Охридското Езеро.

Во целиот процес активна улога има и Државниот инспекторат за земјоделство, кој преку контроли на терен и инспекциски надзор треба да обезбеди заштита на порибителниот материјал, спречување нелегален риболов и одржливо управување со рибниот фонд и водните ресурси.

Порибувањето со подмладок од автохтоната охридска пастрмка е една од мерките за зачувување на овој препознатлив вид и богатството на Охридското Езеро.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани