Возач со 1,96 промили алкохол исклучен од сообраќај

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ноќеска, околу 01:34 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид го сопреле 66-годишниот Ј.С. од Гостивар, кој управувал автомобил „БМВ“ со словенечки национални ознаки.

При извршеното алкотестирање кај возачот биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај, а возачките документи му биле одземени.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани