Возел со 1,71 промили алкохол и активна забрана во Струга

На 28 септември во 14:50 часот, во струшкото село Велешта, полицијата го лишила од слобода 55-годишниот А.Н. од селото.

При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга сопреле „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Н.

При проверката било утврдено дека тој има активна забрана за управување моторно возило од „Б“ категорија, а алкотестирањето покажало 1,71 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и му биле одземени возачките документи. По целосното документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани