Два случаи на семејно и физичко насилство во Охрид

Два случаи на физичко насилство се пријавени во СВР Охрид во текот на вчерашниот ден.

Во 23 часот било пријавено дека во близина на деловен објект на булеварот „Железничка“, две лица физички го нападнале 21-годишниот П.У. од Охрид. Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот.

Претходно, во 11:50 часот, било пријавено дека А.Ј. од Охрид во семејниот дом бил агресивен и физички нападнал членови на неговото семејство.

За двата случаи се преземаат мерки, по што против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани