Кривична пријава за бесправно градење и узурпација на недвижности во Подгорци

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Ф. (52) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Според информациите од полицијата, во текот на 2025 година пријавениот на катастарска парцела во државна сопственост, во селото Подгорци, изградил куќа и земјоделски објект без соодветна дозвола и дополнителна документација издадена од надлежен државен орган.

Против лицето е поднесена соодветна кривична пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани