Во рамки на активностите на Дневниот центар за стари лица со активно стареење при ВОПС Охрид, се одржа едукативна работилница посветена на заштитата на животната средина, одржливото живеење и рационалното искористување на природните ресурси.
На работилницата беа обработени две теми. Првата се однесуваше на третманот на органскиот отпад од дворовите и градините, како и можностите за производство на компост и хумус. Едукацијата ја водеше екологистот Ванчо Стојаноски, кој ги запозна присутните со придобивките од правилното управување со органскиот отпад.
Втората тема беше посветена на производството и одгледувањето шитаке печурки, при што практични знаења и искуства сподели Стојан Петрески, корисник на услугите на Дневниот центар.
Од ВОПС Охрид посочуваат дека особено значајно е што корисниците на центарот не се само учесници во активностите, туку и активни пренесувачи на знаење, искуство и вештини, со што придонесуваат за размена на знаења и поголема вклученост во заедницата.

