Дебрца одбележа 83 години од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата во Сливово и Белчишта, Општина Дебрца одбележа 83 години од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада.

На одбележувањето беше оддадена почит на борците кои ги положиле своите животи за слободата на Дебрца и Македонија.

Градоначалникот на Општина Дебрца најави дека по цели 30 години ќе започне целосна обнова и уредување на спомен-собата во Сливово. Најавена е и инвестиција во реставрација и одржување на историските спомен-обележја на територијата на општината.

„Почитта кон минатото се покажува со конкретни дела. Нема да дозволиме заборавот да ги покрие нашите темели. Должни сме да оставиме достојно наследство на оние кои доаѓаат по нас“, порача градоначалникот.

Од Општината посочуваат дека зачувувањето на историското наследство и споменот за борците кои учествувале во антифашистичката борба остануваат важна обврска кон идните генерации.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани