Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Во честитката тој истакнува дека овој значаен датум од македонската историја претставува потсетник на храброста, пожртвуваноста и непокорот на генерациите кои се бореле за слобода и самостојна држава.
Кочовски посочува дека нивната борба и визија претставуваат трајна обврска за зачувување на националните вредности, историското наследство и градење иднина заснована на единство и заедништво.
„Нека ни е честит и вековит Денот на македонската револуционерна борба! Нека ни е вечна Македонија“, порачува градоначалникот Кочовски.
