Во петок на 7 мај во Струга, ќе се одржи дванаесеттата по ред Ѓурѓовденската струшка литија.
Со божествена Ѓурѓовденската литија традиционално Струга се поклони на патронот Победоносен и Великомаченик Ѓорѓи. Годинава, втор пат ќе се одбележува во пандемија, па организаторите најавуваат строги протокли и мерки за заштита на здравјето на верниците.
Свештениците ќе бидат во намален број, со монашкото братство од Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица и Пречиста , ќе има свечена поворка со чудотворната икона и моштите на светителот , но верниците нема да бдат дел од неа.
И оваа година исто како лани нема да има хор и оркестар, семенска гарда и коњаници…. Верниците ќе бидат распоредени низ градот , по тротоарите на улиците на дистанца со заштитни маски.
На литијата, граѓаните ќе се поклонат пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на светецот. Денот на традиционалната Струшка литија е дел од културното наследство на Република Македонија.
