Публикацијата „Проблеми во примена на ЗКП од аспект на одбраната“ ќе биде презентирана денеска во Охрид.
Во организација на Адвокатската комора на Република Македонија денеска во Охрид ќе биде презентирана публикацијата „Проблеми во примена на Законот за кривичната постапка од аспект на одбраната“.Целта на публикацијата, како што објави порталот opserver.mk. е да се концентрираат дискусиите и согледувањата на учесниците и на предавачите од досегашната практична примена на Законот за кривична постапка и тоа пред сè од аспект на одбраната и можностите таа да биде ефикасна и од аспект на невоедначената практика и различниот третман на правните ситуации, но и воочување на одредени недостатоци на законското решение и проблеми во практичната примена.Воедно ќе бидат презентирани коментарите и предлозите на Предлог-законот за кривичната постапка доставени од страна на Адвокатската комора до Министерството за правда на Република Македонија, кои се во насока на подобрување на Законот особено од аспект на еднаквоста на оружјата, правната сигурнот, како и на човековите права.
