Со задоволство сакаме да ја информираме јавноста дека Охриднет.ком од вчера официјално стана член на Советот за етика во медиумите на Македонија.
Охриднет се согласува за целосно почитување на Кодексот на новинарите на Македонија и на Статутот на СЕММ, редовна соработка и партнерство во поттикнувањето и унапредувањето на професионалното известување во медиумите.
-„Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија го прифати Вашето барање за членство во нашето, заедничко, тело за саморегулација во медиумите.Ви благодариме за согласноста за целосно почитување на Кодексот на новинарите на Македонија и на Статутот на СЕММ и се надеваме на редовна успешна соработка и партнерство во поттикнувањето и унапредувањето на професионалното известување во медиумите“, стои во дописот на СЕММ до Охриднет.
Редакцијата на Охриднет.ком, која ја сочинуваат три лица со долгогодишно искуство во медиумите и неколку соработници, успешно постои веќе шест години.
Со професионализам, објективност, точност, брзина и искуство изминативе години сме на врвот по читаност во регионот.
