Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот идната недела во Охрид

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот идната недела ќе го посети Охрид.

Следната недела, Охрид и Ресен, ќе го посетат претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
– Вчера бевме во Дојран и таму се веќе исполнети капацитетите за оваа сезона.Денеска сме во Преспа, а следната недела во Ресен и Охрид. Таму со локалните власти ќе ги договориме сите други можности за развој на туризмот, како и промоцијата на манифестациите кои како Агенција може да ги поддржиме – изјави директорот на агенцијата Љупчо Јанески.
Според него, годинава се очекува зголемување на бројот туристи за 20 до 30 отсто.Како што изјави денеска, по отворањето на Инфо-параглајдинг центарот во Крушево, во првите четири месеци од годинава е веќе забележан раст за 25 проценти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани