Струга домаќин на македонско-грчка ликовна колонија

Утре во Струга почнува македонско-грчката ликовна колонија

.„Културен мост“ е првата македонско-грчка ликовна колонија што од утре до 5 јули ќе се одржува во Струга во организација на здружението на граѓани „Концепт“ од Скопје.На колонијата учество ќе земат пет македонски сликари (тројца од Струга)и шест уметници од Грција:Мирослав Масин, Сергеј Андреевски, Шќипе Мехмети, Исмет Рамиќевиќ, Натали Николовска, како и Ангелос Скуртис, Антигони Каввата, Ели Гравалу, Корнилиос Граменос, Марк Хаѕипатерас и Харалабос Кацацидис од Грција.Нивните дела ќе бидат изложени на 6 јули во Чифте Амам во Скопје.
Целта на колонијата, е воспоставување, развивање и продлабочување на културната соработка и пријателство меѓу уметниците од Македонија и Грција. Преку овој проект здружението на граѓани „Концепт“ дава свој придонес во заложбите за добрососедство, пријателство, соработка и комуникација меѓу уметниците на двете држави, со што истовремено се развиваат и продлабочуваат и културните односи меѓу Република Македонија и Република Грција.Учесниците покрај во Струга ќе имаат можност да уживаат во убавините на Калишта, Радожда, Вевчани, Охрид и кањонот Матка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани