Пијаниот гостин бил непристоен кон другите присутни.
На 10.07.2019 година во СВР Охрид било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Коста Абраш“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување од Д.А.(40) од струшкото село Франгово.
– Тој бил приведен во полициска станица и против него, според одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.