Анита е првата жена гувернер на НБРМ

Анита Ангеловска Бежоска избрана за прва жена гувернер на НБРМ.

Пратениците ја избраа Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка на Народната банка. За неа гласаа 81 пратеник, против и воздржани немаше. Пратениците не отворија широка дискусија околу изборот на Бежоска, но нејзиниот професионализам и стручност ги пофалија и власта и опозицијата.Ова е доказ дека професионализмот, стручноста и совесноста и посветеното работење, треба да се критериуми според кои треба да се раководиме на вакви функции да доаѓаат луѓе кои заслужиле.“ – изјави Томислав Тундев, СДСМ.
„Првпат по пет гувернери имаме жена. Таа е професионалец и експерт и сметам дека добро ќе се снајде на оваа позиција со оглед на искуството што го има.“ – изјави Даниела Рангелова, ВМРО-ДПМНЕ.
Бежоска е првата жена гувернер на Македонија, која во наредните седум години ќе ја спроведува монетарната политика, ќе се грижи за стабилниот курс на денарот и ќе ја контролира инфлацијата. Таа доаѓа од позицијата вицегувернер во Народната Банка, каде беше осум години.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани