Маја Трпковска од Скопје со денови очајно моли по социјалните мрежи да го најде загубениот син.
Излегол од дома на 10 декември во 20 часот со автомобил шкода а од тогаш му се губи секаква трага. Не одговара на мобилен телефон.
Беспомошната жена моли на социјалната мрежа „Фејсбук“ за помош:
-„Ве молам помогнете ми да го најдам синчето. Пинета Сецондо “Пино” МВР работи ама веке 7 дена ни[то не откри. Ве молам помогнете ми вие луѓе, вие, само вие ќе ми помогнете да го најдам синчето во ова крпче земја. Да го најдеме синчето мое. Не è избегано од дома, нема зошто да бега. Не è лут со мене како што не е лут со никој од нашата фамилиа. Џабе МВР вели дека е избеган од дома (26 години, работи, супер плата, најсакан и почитуван и на работа и дома) Нема зошто да бега!!! МВР каде е Моето дете со срце чекаме да се гушнеме. Ве МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ!!!

Ова се фотографии од исчезнатото момче. Аимате било каква информација пријавете во најблиската полициска станица!

