Во Охрид, „Пасат“ излетал и удрил во куќа, возачот во болница

Сообраќајката се случила утрово на улицата „Ристо Чадо“.

На 20 декември оваа година, во 04 часот и 30 минути, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која Б.Т.(21) од Охрид се здобил со телесни повреди. Тој е пренесен во Општата болница во Охрид каде е задржан на понатамошно лекување.
-Сообраќајната незгода се случила кога, сега повредениот Б.Т. кој по улицата управувал патнички автомобил „Пасат“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола врз автомобилот, излетал надвор од коловозот по што удрил во жичана ограда, сообраќаен знак и во куќа лоцирана на истата улица, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.Додава дека увид на местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител извршија екипи на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани