ЈП Еремја од Вевчани со апел за рационално користење на водата.
-„Бидејќи апелите не даваат резултати приморани сме да започнеме со воведување на рестриктивни мерки за да се обезбедат потребните количини на вода и за домаќинствата кои живеат во највисоката зона во Вевчани. ЈП „Еремја“ не располага со количини на вода од други изворишта со која би се надоместил недостатокот на вода и прекумерното трошење.
Единствена можност што моментално ја имаме е воведување на рестрикции во текот на вечерните часови со цел да овозможиме полнење на резервоарот „Смолејца“ во текот на ноќните часови за да обезбедиме вода за сите домаќинства во текот на денот. Доколку денес во попладневните часови резервоарот се испразни или е со минимално количество на вода, почнувајќи од вечер од 23:00 часот, резервоарот ќе се полни до 05:00 часот наутро, односно тој период ќе биде прекинато водоснабдувањето за сите корисници на Горна зона.
И повторно, најљубезно ги молиме сите наши корисници, посебно од Горна зона, да ја користат водата исклучиво за пиење и потреби на домаќинствата, а не за полевање и наводнување на земјоделски површини бидејќи нанесувате директна штета на целиот водоснабдителен систем.
Благодарност до тие кои после нашите апели и укажувања престанаа со наводнување, се надеваме дека останатите кои се уште ги оставаат цела ноќ уклучени прскалките за нивните дворови, тревници и земјоделски култури ќе го следат Вашиот пример и рационално ќе ја трошат водата за пиење“, стои во соопштението на ЈП Еремја.