Полицијата ги контролира пловилата во Охридското езеро, нема прекршоци

Полицијата ги контролира пловилата во Охридското езеро, нема прекршоци.

-Тим од полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ и инспектори од Капетанија на пристаништата од Охрид, извршија контрола на пловни објекти кои пловат по Охридското езеро. Притоа, во езерските води, на потегот Охрид-Пештани-Радожда-Калишта-Струга-Охрид, во согласност со Законот за внатрешна пловидба, беа контролирани повеќе пловни објекти, беше извршено и легитимирање на повеќе лица при што не се констатирани прекршоци по ниеден основ. Денешната контрола беше извршена во рамките на превентивната кампања „Безбедно лето 2024“, информираат од МВР.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани