Шест денови битка со пожарот на Галичица

Шест денови  трае битката со огнената стихија на Галичица. Екипите на противпожарната единица и ренџерите деноноќно на терен. Се дејствува и од копно и од воздух со ер трактори и хеликоптери. Но пожарот е се уште активен од албанска страна,  а состојбата дополнително се комплицира поради високите температури и силните ветрови, постои  опасност од негово проширување кон Преспанскиот дел кон  Стење.

-„ Имаме нов момент од пред два три часа како пред три години ќе ни се повтори псоле фронтот од 2 км на крајно југозападна точка со Албанија почна се качува на крајни граници од албанската страна и ќе ни префрли во Р Македонија на горната точка осум што претставува многу опасен проблем само поради неповолниот ветер“, додава Јовчески.

Екипите постојано дежураат и  интензивно се делува за да се локализира пожарот, но проблемот е што од албанска страна нема посериозна акција, интервенција има  само од копно.

-„Значи од западниот фронт од крајната северозападна точка до крајната југозападна точка два км е веќе ликвидирано пред неколку дена. 0106 Проблемот е сега бидејки албанскиот дел не се гасеше префрла сега и навлегува од вчерашниот неповолен ветер , изјава Гуро Јовчески ренџер во НП Галичица.

 

Пожар од вчера има и во струшко, откако се запали депонијата во селото Октиси, а огнот  се прошири и во селата Долна Белица и Велешта. Од противпожарната единица Струга  велат нема опасност по куките во околните села, екипите работат на терен за локализирање  на пожарот.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани