Три години и три месеци по убиството на Димитар Матилоски од Охрид, неговата мајка учителката Драгица, ја објави својата трета книга, „Мојот живот после изгубен живот”.
Во својот дневник таа ја соголува душата , отворено раскажувајќи за тагата, осаменоста, солзите, стравот и болката по единствениот син Димитар.
Убиецот е на слобода и никој не го бара. Да биде трагедијата уште поголема Битолска апелација двојно му ја намали казната од 16 на 8 години затвор. Казна која никогаш нема да ја одлежи, бидејќи го ослободија и не му се знае трагата, вели огорчено мајката.
-„Судијката Весна Кичеец коректно го водеше судењето и го осуди на првото судење на 16 години затвор. Апелација од Битола го врати судењето назад јас сум благодарна на Кичеец која повторно го осуди на 16 години.Сега пред неколку денови добив известување дека за Апелација и 16 години затвор е многу и го преполовила казната на 8 години затвор. Толку се остив тажно и вознемирено“ , вели Драгица Матилоска мајка на убиениот Димитар Матилоски.
Драгица по смртта на синот, на Новогодишна ноќ , живее во пеколот, но се обидува да ги исполни желбите на Димитар, чиј живот згасна, на само 26 години.Останаа спомени, неостварени сништа и неизмерна тага и болка. Куќата денес е темна и тмурна. Празна е собата на Димитар, исто како и душата на Драгица.
-„После убиството на мојот син започна мојот пеколен живот. Низ тој темен тунел ме водеа моите пријателки и ден денес ме водат. Убија едни сништа на дете од 26 години, да се ожени, да работи да има дечиња да се прави свадба. Јас никогаш нема да држам внуче од моето дете.Убиецот на мојот ссин го уби мојот син. Ме уби мене и ми ја затвори куќата. Јас живеам сама. Не знам што е пострашно утрото денот или ноќта “, изјави Драгица Матилоска на промоцијата на книгата.
Сиротата мајка во книгата ги објавува бројните пораки и писма кои и ги пишуваат сограѓаните. Во најновата книга ги објавува трогателните писма од другарите на Димитар. Вели тие се дополнително мотив да се преживее овој суров живот.
-„Да го видам Димитар па макар и во соништата за мене е голема радост. Сакам да го видам на минута, барем една секунда да го видам. Знам дека е невозможно јас мојот син не сум го видела 3 години. Сакам да зборувам со него ми недостасуваат разговорите, муабетоте“, тагува Мтилоска.
Книгата е обвиена со корица на која е насликано Охридското езеро со белите галеби кои го симболизираат заминувањето на синот на небото.
-„ Корицата го претставува Охридското езеро со белите галеби кои летаат над синото езеро кое Димитар многу го сакаше. Така и белите ангели меѓу кои е и димитар над синото небо. Ангел беше на земјата ангел е сега на небото“, вели Драгица скршена од болка.
Низ ходниците во празната куќа денес во глувата тишина одекнуваат чекорите на осамената мајка завиена со неизмерна болка.
Во дневникот на Матилоска се чувствува мајчиниот лелек по изгубениот син, течат солзите за мирното момче, одекнуваат врисоците на сиротата мајка која преостанатиот живот ќе го мине во црнина, а целта е да не се заборави и никогаш да не се повтори крвавата Новогодишна ноќ од 2016 година во Охрид. Драгица ќе продолжи да пишува за хуманитарни цели и вели никогаш нема да се откаже од барањето на правда. Убиецот да одговара за злоделото кое го стори. Најави дека случајот ќе оди на Врховен суд.
Соња Рилковска
ФОТОГРАФИИ:
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
