Аутизам онлајн поддршка во корона

Вчера, на 14.09.2020 Здружението „Сина светулка“ го промовираше проектот „Аутизам-онлајн поддршка“ финансиран од страна на владата преку „Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со COVID-19 кризата“.

 Сите содржини на проектот можат да се пронајдат на веб страната: www.sinasvetulka.mk која наскоро ќе биде достапна освен на македонски и на албански и англиски јазик.

Целта на проектот е помош на семејствата и професионалците во обезбедувањето на директна поддршка на децата со аутизам во разбирањето,  изразувањето, одржувањето на рутини, менувањето на рутини и воспоставувањето на нови рутини, адаптација на едукативни содржини во домот и вештини за справување со однесувањето во периодот на COVID-19 кризата.

Активностите на проектот ќе траат до Декември 2020, а понатаму Здружението „Сина светулка“ ќе ги надградува и проширува со помош на искуствата од новите европски проекти кои се насочени токму кон подобрувањето на квалитетот на живот на оваа популација во нашата држава.

„Сите наши искуства кои ги стекнуваме од соработката со меѓународните организации и универзитети имаме желба да ги пренесеме и прилагодиме на нашите услови. На тој начин ќе помогнеме во процесот на инклузија на лицата со аутизам кон што се насочени и активностите на нашите државни институции. Новина е тоа што во соработка со Здружението „Млад знак“ се обидуваме да придонесеме во поголема едукација за значењето и употреба на едноставниот знаковен јазик во работата со децата со аутизам, како визуелна поддршка при развој на говорот и комуникацијата. Исто така, во соработка со  Aragosa центарот за аугментативна и алтернативна комуникација под лиценца на Creative Commons (BY-NC-SA) за прв пат ќе имаме можност да преведуваме и адаптираме материјали за визуелна поддршка на македонски јазик“-изјави Јасмина Трошанска, претседател на Здружението.

Здружение за унапредување на квалитетот на живот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“

contact@sinasvetulka.mk

www.sinasvetulka.mk

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани