35 годишниот возач изгубил контрола над автомобилот.
Ноќеска, во 00.05 часот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај населбата Рача – Охрид, Ј.В. (35) од Охрид, управувајќи патничко возило „Хјундаи гетс“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
-Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница – Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..
