Kрадецот бил фатен по извршената 13-та кражба.
Поради постоење основи на сомнение за вкупно сторени 13 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Т.(30) од Охрид.
-Тој, казнените дела ги сторил во периодот јули-ноември оваа година во повеќе деловни објекти и куќи во Охрид употребувајќи физичка сила и подесен алат. По насилното отворање на вратите, вршел пребарување по што одземал пари, колонијални производи, златни и други вредни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Б.Т. се стекнал со противправна имотна корист од 369 121,оо денари, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
