Охриѓанец ги плашел стружани со пластична бомба

Охридски „бомбаш“ се заканувал во кафе бар во Струга.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,предизвикување на општа опасност“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.Ц.(32) од Охрид.
Според изјавата на Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, тој, на 16 ноември оваа година, во видно алкохолизирана состојба влегол во угостителски објект лоциран на улицата „Владо Малески“ во Струга и започнал да упатува навредителни и заканителни зборови кон присутните гости. Потоа извадил пластичен пиштол и пластична рачна бомба со што предизвикал страв кај присутните лица. Пријавениот веднаш бил приведен во полициска станица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани