Се откажува „Од 20 до 20 Сите во Охрид“

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, Ве информираме дека се отажува годинешното издание на проектот кој стартуваше минатата година „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ кој требаше да трае од 20-ти декември 2018 до 20-ти јануари 2019 година.

И покрај тоа што програмата беше потврдена и артистите беа букирани, сепак е донесена одлука оваа година да не се одржи главната програма и истата да се пренесе за следната година. Сепак, за најмладите, кои се нашата иднина и кои се најрадосни за празниците, ќе биде приредена програма на Градскиот плоштад, каде ќе настапат најмладите со своја програма, информираат од одделението  за односи со јавноста при општина Охрид 20.12.2018 година.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани