Премиерно прикажување на претставата „Балканска 3а/2“ во изведба на Охридскиот народен театар.
Претпремиера е закажана за недела 02.06.2019 година со почеток 20:00 часот, цена 200 денари, а ПРЕМИЕРА понеделник 03.06.2019 година почеток 20:00 часот, цена 250 денари.
-„ Се роди уште еден театарски проект во Охридскиот театар кој сум убедeн ќе ги задоволи апетитите на охриѓани и пошироката публика“ рече Горан Симоноски директор на Охридскиот народен театар .
„ Како што споменав претставата е трилер кој има за цел да претстави антиопштествени форми на однесување кои го извитоперуваат денешеното живеење и го загрозуваат на некаков начин. Општо кажано беше интересно да се бара апсурд во начинот на игра. Границата со комедијата е нова и е на поразличен начин. Претставена е на неочекуван начин, не е лесна комедија туку е поинакво ниво на комедија, апсурд. Беше интересно да се бара тој апсурд преку начинот на актерската игра“, вели Батева за процесот на создавање на театарската претстава.
режија: Ана Батева
сценографија/костими: Борис Георгиев
музика: Стефан Здравески
играат:
ИЛИЈА – Стрезо Стаматовски
МИРНА – Елизабета Стефановска
АРСЛАН – Филип Кипровски
ПОТСТАНАРОТ – Никола Тодоровски
„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие;
„Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење;
„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.