По охридско-вевчанската тројка пратеници, денеска Бетмен доби милост од судот.
Охриѓанецот Богдан Илиевски – Бетмен,заедно со Владо Јовановски и Борис Дамовски се слободни-добија амнестија. И за нив завршува обрската за собраниските инциденти да се појавуваат во судот. Единствено, од организаторите „За заедничка Македонија“ Игор Друловски не побара милост. Но, кривичниот совет на „скопска единица“ не им даде политичка слобода на 14 обвинети, откако обвиинителството за организиран криминал оцени дека не треба да бидат ослободени.
Денешната амнестија за Бетмен, Јованоси и Дамовски, доаѓа по вчерашната амнестија за 12 обвинети, меѓу кои се пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, ослобедени се и вработените во кабинетот на екс претседателот на Собранието, Елена Божиновска и Иван Цветановски, браќата Стефан и Михаил Младеновски во судиница ја открија организацијата за упадот во собрането, Захарие Симовски, Митре Питроповски, како Илија Славевски добија милост од државата.
