На денешната седница на Советот на општина Охрид , заменик градоначалникот професорот Ристе Николески ја повлече точката за избор на командир на охридската полиција од општа надлежност.
Без образложение Николоски ја повлече оваа точка од дневен ред.Претседателката на Советот на почетокот на седницата пред утврдувањето на редот потврди дека точката е повлечена.

На прашањето на Охриднет која е причината за повлекувањето на точката од дневен ред и дали кандидатот не ги исполнувал условите, па го немал советничкото мнозинство, како што се зборува во јавноста, Николески не одговори.
Во јавноста се зборува дека кандидатот за командир на охридската полиција не ги исполнувал условите и не го гласало мнозинството во советот предводено од СДСМ, токму затоа се повлекувала точката неколку пати.
