Бездомници се „вселија“ во центарот Нова Порака

Бездомници  се населија во Центарот за интелектуална попреченост „Порака Нова“  во Струга. 

Во објектот упаднале преку кровот си направиле спална и дневна соба.  Го искористиле тоа што поради пандемијата   центарот е затворен , па повеќемина роми  од други градови во дворот  монтирале и шатори.

Случајот е пријавен  во полиција.

– „Секое лето ние имаме ваков упад дали е кражба, дали влегле само да јадат нешто во фрижидер.Ова веќе беше капак на се да влезат преку таванот досега вакво нешто не се случило. Имаат шетано по таванот и имаат втонато внатре“, вели Анита Гаговска секретар на Центарот  за интерелектуална попреченост „Порака Нова“ Струга.

Ова не е прв  упад во Центарот  „Порака Нова“, секое лето објектот   го напаѓаат разбојници, кои  уништуваат и крадат храна,   материјали и опрема. Вработените велат со години бараат чувар од општината.

„По сите овие упади последниве години верувам дека ни полицијата ни општината немаат механизам да се справат со питачите и со овие скитници.Оставени сме буквално сами на себе да се справуваме. Од општина чекаме година и пол да ни пратат чувар“ , додава Гаговска.  

Во дневниот   центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост во Струга редовно  се  згрижени  18 штитеници, но поради пандемијата тој е затворен од 10 Март.

Вработените велат ионака кубурат со финансии, а  постојано се изложени на дополнителни трошоци поради несовесните разбојници, кои им нанесуваат штета.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани