Безживотно тело пронајдено кај Велгошти

Се работи за жена и нема траги на насилство.

Како што информира Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид „ на 19.03.2020 околу 12 часот во СВР Охрид, жител на охридското село Велгошти пријави дека недалеку од селото, во месноста „Чурила“, забележал починато лице. По извршениот увид, констатирано е дека станува збор за Д.Н.(80) од селото Велгошти, која на 07.03.2020 била пријавена за исчезната. По извршен преглед од лекар патолог било констатирано дека нема траги на насилство и дека се работи за природна смрт“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани