Крадците биле фатени во дуќан во охридската чаршија.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и М.Р.(28), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба“.
– На петнаесетти месецов, од објект на улица ,,Климент Охридски”, со насилно отворање врата, одзеле стока со вкупна вредност од 80.000 денари, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
