Црвен крст ќе обучува спасители на вода

Обуките ќе се вршат од 3 до 10 јули.

Во рамки на подготовките за претстојната летна сезона, Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води која ќе се реализира во периодот од 3 до 10 јули 2019 година. Обуката која ќе се изведува на Охридското езеро содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).
– Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања: да се на возраст од 18-35 години (да достават соодветен доказ-лична карта, извод на родени), да достават потврда за здравствена способностт за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар / здравствена установа. Кандидатите можат да се пријавуваат лично во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 8-16 ч., на телефоните 046 261-909 и 070 315-309 или електронски. За сите кандидати кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода Црвен крст Охрид ќе обезбеди платен работен ангажман на капалиштата на Охридското езеро, информираат од Црвениот крст Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани