Кој од всетските милјардери е најдарежлив. Списание The Chronicle of Philanthropy го претстави во септември својот извештај “Philanthropy 50”, посветен на донирање.
Во него, исто така, се сместени најголемите донатори во САД од 2000 година.
Првото место може и да ве изненади, бидејќи на него не е најбогатиот човек на светот Бил Гејтс.
Основачот на Мајкрософт останува на втората позиција. Донирал 22% од своето богатство, или 18 милијарди долари.
Број еден во ранг-листата е Ворен Бафет. Легендарниот инвеститор донирал повеќе од двапати повеќе – 46 милијарди долари, што е 71% од целото негово богатство.
Трето место е поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, кој донирал 10 отсто од своето богатство или 4,5 милијарди долари.
Ако се прашувате кој е последниот на листата, тогаш тоа е, исто така, еден од најбогатите луѓе на планетата – основачот и извршниот директор на Амазон, Џеф Безос. Засега донирал само 0,1% од своето лично богатство.