Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид воведе нов оперативен зафат – артроскопска хирургија на рамен зглоб.
Во изминативе две дена успешно беа оперирани пет пациенти на возраст од 17 до 73 години со застарени комплексни повреди.
За прв пат во јавното здравство се користеа нови современи импланти кои пружаат подобра рехабилитација на пациентите.
– „Користевме за прв пат во јавните здравствени установи ,вид на импланти направени исклучиво од сутори од конец со помал дијаметар од оние кои се стандардно користени а со тоа автоматски имаме помала инвазивност во однос на коскеното ткиво од претходните импланти“, вели д-р Огнрн Шешоски специјалист ортопед.
Пациентите во регионот во иднина нема да патуваат во Скопје за вакви оперативни зафати и нема да се изложуваат на дополнителни трошоци.
– „Изминатите два дена бевме сведоци на еден би рекол извонредно важен напор за опонатамошно навлегување во сериозноста на ортопедската институција.0340 Навлеговме во патологијата посериозно, во однос на рамениот зглоб“, вели д-р Љупчо Богоевски специјалист ортопед.
Операциите ги извршија ортопедите Огнен Шешоски и Александар Стевоски под менторство на лекари од специјалната болницата „Валтодра“ од Словенија.
-„Овие пет случаи кои ги сработивме изминативе денови беа доста комплексни и за сето тоа имавме знаителна помош и бевме под супервизија на лекарите од специјалната болница Ватодра од Словенија. Особено од началникот на нивното одделение за спортска медицина Марјановиќ, кој присуствуваше тука во нашата установа за да биде супервизор“, додаде Шешоски.
Специјалната болница Свети Еразмо следниот месец ќе одбележи 70 години успешно псотоење.
Новинар Соња Рилковска