Општина Охрид прва воведува хуманитарни паркинзи

Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели.

Во насока на поддршка на нашите сограѓани на кои тоа им е најпотребно, воведуваме зона за хуманитарни паркинзи – напиша градоначалникот Кирил Пецаков на официцијалниот фејсбук профил.

Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно. За почеток е предвидено две паркинг места на улица „Кеј Македонија“ да бидат посебно обележани, а планирано е во иднина хуманитарни паркинзи да се обележат на повеќе локации низ градот. Носител на проектот е ЈП „Билјанини извори“, додека Општина Охрид е прва општина во Македонија која воведува ваков тип на паркинг простор.

Охрид отсекогаш бил хуман град, а наша цел е да продолжиме да го развиваме во таа насока – потенцираше градоначалникот Пецаков

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани