Велосипедската патека до Свети Стефан предизвика политичка препирка

СДСМ обвинува ветената велосипедска патека заминува во заборав. Од општина Охрид возвратја, проектот ќе се реализира. 

 

-Со измената на распоредот на средствата во Буџетот на општина Охрид меѓу останатото се пренаменуваат средствата кои беа предвидени за велосипедската патека Охрид-Св. Стефан. Охриѓани се сеќаваат колку сегашниот Градоначалник одеше на лице место да снима видеа, да се фотографира најавувајќи изградба на модерна велосипедска патека како атракција на градот со привлекување и задржување на посетителитеПецаков, а и својствено за ДПМНЕ, почна да си ги покажува кажаните невистини на виделина и едно по едно полека да не им го исполнува ветеното на охриѓани.За жал ниту охриѓани ниту пак туристите ќе ја видат оваа, за волја на вистината, нереална за реализирање велосипедска патека. Но, не разочарува тој факт, туку разочарува несериозноста во пристапот на Пецаков и ДПМНЕ играјќи си топло- ладно со охриѓани, ветувајќи едно па потоа не исполнувајќи го истото !

Па нели , Градоначалник, за градот беше патеката, кој толку многу си го сакате и кажувавте: Е, вака се сака Охрид ! Веруваме дека го сакате Охрид, само да потсетиме дека Охрид не се сака со лажење и празно ветување на сопствениот свој народ.
Не треба човек да биде стручњак од областа на сообраќајот за да констатира дека велосипедска патека помеѓу сообраќајници кои се оптоварени со повеќе приклучни улици, ќе претставуваше сериозна опасност за велосипедистите. Имагинарна велосипедска патека без можност за вклучување на велосипедистите на потегот од бензинската пумпа Билјанини Извори, а уште помалку за исклучување кога ќе стигнат на крајот на патот во близина на Св Стефан, освен ако не замислувавте да се вратат назад и повторно и повторно да се вртат во круг. Укажувавме тогаш кога се усвојуваше Буџетот да не се предвидуваат средства за овој проект кој самиот по себе нема здрава основа, е нереален, дополнително имајќи го во предвид фактот што не се работи за општинско земјиште туку недвижност со која стопанисува Јавното претпријатие за државни патишта. За сега да не доведете во ситуација да пренаменуваме средства кои можеа да бидат попаметно предвидени за реални проекти , проекти во одделни сегменти во инфраструктурата кои ќе го олеснеа и подобреа начинот на живеење на граѓаните.
Буџетот треба да содржи проекти за кои е сосема извесна реализацијата во годината во која се предвидуваат, не мора да бидат атракции како што го најавувавте овој проект, нека бидат скромни, но реални и изводливо кои во одреден сегмент ќе го подобрат квалитетот на живеењето на граѓаните.  Ако нешто ветивте…исполнете го ! Бидејќи народот ќе се сети на Вашите игри и непромислени постапки и ќе се сети на Вашите празни ветувања, токму тогаш кога ќе дојде време, стои во реакцијата на ОО на СДСМ Охрид. 

Од општина Охрид возвратија дека проектот ќе се реализира. 

За вистината да добие целосна слика треба да се споделат сите инфромации, а не само да се извлекуваат податоци и извртуваат се со цел да се добие на популизам. За граѓаните да ја имаат целосната слика треба да знаат дека на седницата на Советот на Општина Охрид, со измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Охрид се пренаменаа ДЕЛ од средствата кои се предвидени за изградба на велосипедска патека Охрид – Св. Стефан. Бидејќи станува збор за покомплициран проект, средства за негова реализација ќе се обезбедуваат согласно напредувањето на реализацијата на самиот проект. За да се запази целата законска процедура за реализација на еден проект потребно е најпрвин да се има проектна документација. За оваа намена финасиски средства се предвидени и има. После изготвувањето на проектот и добивањето на одобрение за реализација на проектот ќе обезбедиме средства и ќе го реализираме проектот. Што се однесува до безбедноста на велосипедистите, некоректно е да се изнесуваат паушални констатации. За таа цел се изготвува проект кој ќе понуди решение што ќе биде безбедно за сите учесници во сообраќајот. Затоа уште еднаш нагласуваме дека Велосипедската патека од Охрид до Св. Стефан, согласно сите стандарди ќе има, стои во реакцијата на Општина Охрид. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани