Хуманоста е љубов,… млад брачен пар од Охрид наместо свадбени цвеќиња, торти и бонбони од гостите побарале да им носат детски играчки!
-„Цвеќињата и бомбоните нека се во форма на детски играчки за да ги израдуваме дечињата од дневните центри..“пишуваше на свадбените покани на Александра и Љупчо кои ја реализираја свадбената веселба на 05 Мај годинава.
Интересно е што љубовта на овие две хумани срца се родила токму на хуманитарна акција кога и двајцата биле волонтери.
Собраните играчки вчера ги донираа во Дневниот центар ,,Зраци,, дневниот престој ,,Добротољубие,, и во детското одделение при Општа болница Охрид .
-„Им посакуваме вечна љубов и дар од Бога . Хуманоста е заразна!, вели Анета Вршкоска која ги придружуваше младите во делењето на подароците.
Фотографии: