Многу дожд, но и снег, како и снежна покривка на повисоките места во регионот ќе донесе моќниот циклон Андреа кој од недела интензивно ќе го зафати регионот но и Македонија, каде очекува доста интензивни дождови, но и снег на највисоките планини.
-„Од недела попладне па во следните денови кај нас ќе има значителни врнежи од дожд кој локално ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, ќе има услови и за локален интензивен развој на нестабилна облачност проследена со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град кој би можел да биде и доста поинтензивен“, информира Славчо Поповски.
Метеролозите предвидуваат локални поплавувања.