Се одбележа патрониот празник на ОУ „Ванчо Николески“

Со бројни активности ОУ „Ванчо Николески“ го одбележа патрониот празник.

Синоќа  во Домот на културата во с.Лескоец се одржа Свечена академија под мотото „Ех, да можам“.

-На академијата присуствуваше и претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, која на учениците и вработените им го честита патрониот празник и им посака успех во одвивањето на воспитно-образовниот процес.Во рамките на културно-уметничката програма учениците од германската секција ја изведоа музичката точка „Lolipop“, учениците од подрачното училиште од с.Куратица точката „If I could turn back time“ , учениците од одделенска настава од училиштето во с.Лескоец изведбата „Ех,да можам, хорот „ Е да сакаш,се би можеле“ , драматизацијата „Што би можеле“, учениците од подрачното училиште од с. Косел ја прикажаа драмата „ Ех,да можам“ , хорот и учениците Мартина Велјаноска и Јана Лолеска изведбата „Што сакаш“ , а гостите од збратименото училиште Светозар Марковиќ од Лесковац, Р.Србија настапија со перформансот „Када би могао“, информираат од општина Охрид.

Во четвртокот во рамки на празнувањето беше положено свежо цвеќе на гробот на Ванчо Николески, а заедно со гостите од збратименото училиште „Светозар Марковиќ“ од Лесковац, Р. Србија, се одржаа едукативни работилници за дислексија и 3Д моделирање.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани