29 годишна стружанка физички ја нападнала брачната двојка.
Вчера околу 10 часот, во кругот на Општата болница во Струга нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.А. (29) од Струга врз Е.Б.(39) и неговата сопруга А.Б.(32), од Струга. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна пријава.
