Брачна двојка од Велика Британија, која ни кажа дека тука “не дошле поради публицитет” и не замолија да им се зачува анонимноста, македонскиот туристички бисер – Охрид, го ставиле како првата дестинација на нивната мапа, по влезот од Албанија.
Нивната мапа, видно одбележана на посебно знаменце, до знаменцето на Обединетото Кралство, верувале, или не, содржи 100.000 километри изоден пат, на велосипед.
За волја на вистината, нивните велосипеди се нешто повеќе од тоа. Очигледно, станува збор за посебна, наменска изработка, со елементи на кои можат да се прикачат сите потребштини за движење и престој на отворено.
Снимени се, во моментот кога двајца вработени од ВИП – мобилниот оператор, ги испраќаат на градскиот плоштад “Свети Клиомент Охридски”, во Охриуд, откако кај нив, купија картички за два мобилни апарати – “да им се најдат додека престојуваат во Македонија”.
Веле Митаноски