Изменет сообраќајен режим заради градежни работи.
-„На 20.05.2019 (понеделник) година Општина Охрид ќе започне со реализација на проектот за измена на режим на сообраќај на крстосницата помеѓу ул. „7-ми Ноември“, ул. „Кленоец“ и ул. „Питу Гули“ (стара бензиска), каде што почнувајќи од понеделник па во наредните три дена, ќе се одвиваат одредени градежни активности на самата крстосница“, информираат од општина Охрид .
Се известуваат сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат својата брзина на движење согласно условите на патот.