Турнирот ќе се одржи во сабота, на 1-ви јуни.
Првиот Национален Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2019, ќе се одржи на први јуни во СРЦ „Билјанини извори“ според турнирскиот систем на Македонската Таеквондо федерација и според официјалните правила на Светската Таеквондо Федерација (The official WT Competition Rules). Ќе учествуваат 150 Таеквондисти земјите во опкружувањето и од неколку други земји од Европа. Во 00 часот ќе зaпочнат борбите, а официјално отворање на турнирот е во 12:00 часот со претставување на натпреварувачите и клубовите учесници. На отворањето ќе присуствуваат градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и Васил Тупуркоски, претседател на Македонскиот Олимписки Комитет.
Таеквондо турнирот Ohrid OPEN 2019 е во организација на Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид, кој е член на Федерацијата од 2007 година.