Пушката „на црно“ ја чувал велгоштанец.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Д.(57) и М.П.(27), двајцата од село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 29.12.2018 година во Охрид, кај место викано “Сливови анови”, полициски службеници извршиле преглед на возило во кое биле пријавените, при што пронашле и одзеле ловна пушка со два куршуми, за коишто не поседувале соодветна дозвола.