Централниот одбор на СДСМ ќе заседава утре во Охрид.
По сѐ поизвесното одлагање на датумот за преговори за членство на Македонија во ЕУ и најавите на премиерот Зоран Заев дека тој ќе го врати мандатот на Собранието, утре во хотелот „Инекс” во Охрид Централниот одбор на СДСМ ќе одлучува за следните чекори.
Ветувањето дека датумот ќе го добиеме во октомври, сепак може да значи одлагање на опциите за враќање на мандатот и нови избори. СДСМ најверојатно од утре се враќа на темата „метла“ и реконструкција на Владата, пишува МКД.мк.
Ова значи дека утре во Охрид СДСМ ќе одлучува за најавената „метла“ од страна на премиерот Заев, односно за реконструкцијата на Владата како и за избор на ново партиско раководство. По резултатите од претседателските избори, во СДСМ оставки поднесоа сите партиски потпретседатели и членовите на Извршниот одбор.