Сменета туристичката кампања „Macedonia timeless“

По реакции на грчкиот весник „Прототма“ сменета туристичката кампања „Macedonia timeless“.

 

Северна Македонија ја коригира својата официјална туристичка кампања што го користеше мотото „Македонија вечна“, откако Прототема го сврте вниманието кон темата и укажа дека употребата на терминот Македонија во нејзината кампања без географска одредница го прекршува Преспанскиот договор, објави грчкиот медиум.

„Туристичките власти на балканската држава инвестираа во детална и скапа промотивна кампања во која се обидоа да ја претстават античката македонска историја како своја, пропуштајќи да ја вклучат географската одредница во главниот слоган ‘Македонија вечна’“. Речиси една година откако грчката влада го потпиша контроверзниот Преспански договор со владата на Северна Македонија, кој многумина го сметаат за решение за долготрајниот спор околу името, грчкиот сосед продолжува да ги крши условите од договорот“, пишува Прототема.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани